Бран апсења во Турција по одземањето на мандатот на новоизбраниот курдски градоначалник на Ван
- „Во вторник, 2 април 2024 година, тие маршираа без дозвола, извикуваа песни и слогани за поддршка на сепаратистичка терористичка организација, ги каменуваа нашите безбедносни сили, даваа отпор и и покрај предупредувањата не се разотидоа“, напиша Јерликаја на Х.
Анкара, 3 април 2024 (МИА) - Турските власти приведоа 89 лица ширум земјата поради приклучување кон „неодобрените“ демонстрации, објави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на платформата Х.
Протестите во југоисточна Турција и провинцијата Измир уследија по одлуката на изборното тело да му забрани на новоизбраниот градоначалник од прокурдската Партија за народна еднаквост и демократија (ДЕМ) во југоисточниот град Ван да ја преземе функцијата.
„Во вторник, 2 април 2024 година, тие маршираа без дозвола, извикуваа песни и слогани за поддршка на сепаратистичка терористичка организација, ги каменуваа нашите безбедносни сили, даваа отпор и и покрај предупредувањата не се разотидоа“, напиша Јерликаја на Х.
2 Nisan 2024 Salı günü izinsiz gösteri yürüyüşü yapan, Bölücü Terör Örgütüne yönelik övücü ve destekleyici slogan atan, güvenlik güçlerimize taşla saldıran ve uyarılara rağmen dağılmayıp mukavemet gösteren;
— Ali Yerlikaya (@AliYerlikaya) April 2, 2024
📌Van'da 2️⃣6️⃣
📌Hakkari Yüksekova'da 2️⃣9️⃣
📌Hakkari Merkez'de 9️⃣…
На избраниот градоначалник Абдула Зејдан му беше ускратен мандатот иако на локалните избори во неделата беше избран со околу 55 отсто освоени гласови, соопшти ДЕМ.
Таа позиција ќе му припадне на кандидатот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Реџеп Таип Ердоган. Нивниот кандидат беше втор на изборите со околу 27 отсто поддршка од гласачите.
Главната централно-левичарска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), која беше прва на изборите во неделата со историски удар за АКП на Ердоган, ја осуди одлуката и повика на нејзино укинување.
Локалната изборна комисија соопшти дека Зејдан има криминално досие и дека не требало да се кандидира на изборите, објави државната агенција Анадолу.
Од неговата партија соопштија дека за одлуката биле информирани дури по изборите во неделата.
Инцидентот потсетува на масовните отпуштања на прокурдските локални политичари во 2019 година. Прокурдската партија, тогаш наречена ХДП, освои 65 градоначалнички места на локалните избори во 2019 година, но владата ги отстрани повеќето од функцијата поради наводна поврзаност со тероризмот. сд/
фото:МИА рхива