• петок, 22 ноември 2024

Бразил бара повеќе информации за руската вакцина против Ковид-19

Бразил бара повеќе информации за руската вакцина против Ковид-19
Сао Паоло, 13 август 2020 (МИА) - Бразил ќе побара повеќе информации и консултации пред да одлучи да ја купи руската вакцина против коронавирусот, која сè уште е во рана фаза, изјави денеска бразилскиот министер за здравство, Едуардо Пазеуљо. Тој за време на видео конференцијата со претставници на националната здравствена служба Аневис на руската амбасада во Бразил рече дека сè уште нема целосни одговори за вакцината и дека тие не се во можност да ги следат податоците. - Ќе има многу преговори, многу работа, за да биде ефикасна, рече Пазеуљо. ссм/  

Остани поврзан