• понеделник, 23 декември 2024

Бојченко: Мариупол е на работ на хуманитарна катастрофа

Бојченко: Мариупол е на работ на хуманитарна катастрофа
Киев, 4 април 2022 (МИА) - Опколениот украински град Мариупол е на работ на хуманитарна катастрофа и во него има повеќе од 100.000 луѓе кои се уште треба да бидат евакуирани, изјави денеска градоначалникот на тој град Вадим Бојченко во своето обраќање до медиумите. „Ние сме на работ на хуманитарна катастрофа - повеќе од еден месец нема струја, вода, храна и лекови. Затоа инсистираме да се обезбеди целосна евакуација на населението, но Руската Федерација ја блокира сета хуманитарна помош што се движи во правец на Мариупол“, рече Бојченко. Тој додаде дека во градот сè уште не пристигнал автобус за евакуација, и покрај договорите меѓу Русија и Украина за отворање коридор за евакуација, а некои жители успеале со приватни автомобили да стигнат до блискиот град Бердјанск, кој е под руска контрола. Според Бојченко, околу 90.000 луѓе успеале да се евакуираат долж коридорот меѓу Берѓанск и градот Запорожје, кој е под контрола на украинските сили, а повеќе од 100.000 луѓе се уште се заробени во Мариупол, јави Си-Ен-Ен. „Во градот има повеќе од 100.000 луѓе кои не можеме да ги евакуираме, апелираме до меѓународната заедница едногласно да поддржи целосна евакуација на жителите“, изјави градоначалникот на Мариупол за американската телевизија. паг/  

Остани поврзан