• понеделник, 23 декември 2024

Ботас не исклучува трансфер во рели-трките по завршувањето на кариерата во Формула 1

Ботас не исклучува трансфер во рели-трките по завршувањето на кариерата во Формула 1
Штутгарт, 2 јануари 2020 (МИА) - Пилотот на Формула 1 тимот на Мерцедес, Валтери Ботас, истакна дека уживал во возењето на рели-трките и дека не исклучува можност кариерата да ја продолжи во овој мотоспорт. - Премногу е рано да се зборува за кариера во рели, затоа што никогаш не знаете што ќе се случи утре. Сепак, оваа активност е по моја желба, и јас уживам многу кога возам во овој спорт. Затоа никогаш не кажувај никогаш, изјави Ботас. Тој претходно победи на релито на Азурниот брег. Овој месец Ботас ќе настапи на „Рели на Арктикот“. зс/

Остани поврзан