• недела, 22 декември 2024

Ботас и Гуанју го напуштаат Заубер по завршување на сезоната

Ботас и Гуанју го напуштаат Заубер по завршување на сезоната

Лондон, 6 ноември 2024 (МИА) – Формула 1 тимот Заубер целосно ќе го промени својот пилотски состав. Тимот денес со официјално соопштение објави дека ја прекинува соработката со Валтери Ботас и Џоу Гуанју од 2025 година.

Претходно, Заубер постигна договор за соработка со Нико Хулкенберг. Засега името на неговиот тимски партнер останува  непознато, но постои голема веројатност тоа да биде лидерот во Формула 2 - Бразилецот Габриел Бортолето.

Од 2025 година Заубер ќе го промени своето име во Ауди. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан