• петок, 22 ноември 2024

Борците на „Вагнер“ го зазедоа и Воронеж, град на 500 километри јужно од Москва

Борците на „Вагнер“ го зазедоа и Воронеж, град на 500 километри јужно од Москва

Москва, 24 јуни 2023 (МИА) - Борците на платеничката група „Вагнер“ ја презедоа контролата над сите воени објекти во рускиот град Воронеж.

Воронеж се наоѓа на околу 500 километри јужно од Москва.

Во своето обраќање до нацијата, рускиот претседател Владимир Путин рече дека потегот на паравоениот лидер Евгениј Пригожин е „криминална авантуристичка кампања и предавство“ и дека Русија ќе се брани.

-Ова е еквивалентно на вооружен бунт. Се бориме за животот и безбедноста на нашите граѓани и за нашиот територијален интегритет. Ова е предавство, рече Путин во обраќањето до јавноста. сд/

Остани поврзан