• недела, 22 декември 2024

Борисов: Прифатени оставките на четворица министри

Борисов: Прифатени оставките на четворица министри
Софија, 23 јули 2020 (МИА) - Прифатени се оставките на министрите за финансии Владислав Горанов, за внатрешни работи Младен Маринов, за економија Емил Караниколов и за туризам Николина Ангелкова, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата со коалициските партнери. Оставките доаѓаат во момент на секојдневни антивладини протести во Софија и низ целата земја, со барање за оставка на Владата и на јавниот обвинител Иван Гешев, како и одржување фер избори. Горанов, Младенов и Караниколов беа посочени од координаторите на ГЕРБ како блиски до ДПС, и затоа од нив е побарано да поднесат оставка пред една недела. Министерката за туризам Ангелкова поднесува оставка во време кога секторот е во најлоша позиција, главно поради пандемијата на коронавирусот. На нејзино место е назначена вицепремиерката Маријана Николова, која ќе ги извршува и двете функции. Директорот на полиција Христо Терзиски ќе го преземе Министерството за внатрешни работи, како наследник на Маринов.

Лачезар Борисов, кој моментно е заменик министер за економија, ќе ја заземе функцијата на Караниколов.

Кирил Ананиев ќе го предводи Министерството за финансии, на местото на Горанов.

За министер за здравство ќе биде именуван Костадин Ангелов, кој е директор на Александровската болница. гт/

Остани поврзан