• четврток, 04 јули 2024

Борислав Палашев и Магдалена Станковска победници на „Stopanska Triogy Triathlon“

Борислав Палашев и Магдалена Станковска победници на „Stopanska Triogy Triathlon“
Скопје, 16 мај (МИА) - Сениорот Борислав Палашев од триатлонскиот клуб „Палашев“ од Пазарџик и јуниорката Магдалена Станковска од клубот „Триоги рејсинг“ од Скопје, се победници на годинешниот „Stopanska Triogy Triathlon“ кој се одржа во комплексот на СЦ „Борис Трајковски“, а возењето велосипед се реализира на дел од булеварот „Илинден“. Како што информираат организаторите од клубот „Триоги рејсинг“, на настанот имало повеќе од 220 учесници од Бугарија, Србија, Косово и од Македонија. - Трката од 750 метри пливање, 19 км возење велосипед и 5 км трчање, Палашев ја заврши за 55:31, а Станковска – 1:04:54, стои во соопштението од клубот. Технички организатор на настанот е Триатлон Федерацијата на Северна Македонија. ар/дма/

Остани поврзан