Бомбаш самоубиец со помош на Талибанците нападна пакистанска воена база, шест војници загинаа во судир
- Бомбаш самоубиец во автомобил денеска нападна база на пакистанската армија во близина на границата со Авганистан, со поддршка на пакистанските талибанци, а во судирот што следел беа убиени најмалку шест талибански борци.
Исламабад, 17 октомври 2025 (МИА) - Бомбаш самоубиец во автомобил денеска нападна база на пакистанската армија во близина на границата со Авганистан, со поддршка на пакистанските талибанци, а во судирот што следел беа убиени најмалку шест талибански борци.
Локалната полиција соопшти дека бомбардирањето, кое оштетило и куќи во близина, било проследено со судир меѓу талибанците, кои се обиделе да влезат во базата, и пакистанската армија.
Најмалку еден војник е убиен во размената на оган, соопшти полицијата, додека армијата не даде коментар. мс/
фото: МИА архива