• недела, 22 декември 2024

Боксерка од Нигерија дисквалификувана на Олимпијадата поради прекршување на антидопинг правилата

Боксерка од Нигерија дисквалификувана на Олимпијадата поради прекршување на антидопинг правилата

Париз, 28 јули 2024 (МИА) - Нигериската боксерска Синтија Огунсемилор нема да учествува на Олимписките игри во Париз. Таа е дисквалификувана поради кршење на антидопинг правилата, објави прес-службата на Меѓународната агенција за допинг тестирање (ИТА).

Примерокот на 22-годишната девојка беше земен на 25 јули 2024 година во Париз, а резултатот беше вратен од лабораторија акредитирана од WADA на 27 јули. Забранетата супстанција фуросемид е пронајдена во примерокот на Огунсемилор.

Нигерија може да се жали на одлуката на ITA до Судот за спортска арбитража (CAS) и има право да побара анализа на примерокот Б.

Претходно, иранскиот џудист Сехен Саџад беше дисквалификуван поради прекршување на антидопинг правилата пред почетокот на Олимписките игри во Париз. зс/

Фото: ВАДА

Остани поврзан