• петок, 22 ноември 2024

Божикна литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

Божикна литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

Скопје, 7 јануари 2023 (МИА) - Во сите храмови на Македонската православна црква-Охридска архиепископија во земјава денеска се одржаа божикни литургии по повод најголемиот христијански празник Рождество Христово – Божик.

Централното одбележување беше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде литургија богослужеше архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан.

На литургијата присуствуваа голем број верници, но и политичари. Присутни беа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Дарјан Сотировски, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска...

Честитки до верниците по повод Божик испратија од државниот врв и од политичките партии. бак/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан