• понеделник, 23 декември 2024

Боб Сегет: И денес сум близок со близначките Мери-Кејт и Ешли Олсен

Боб Сегет: И денес сум близок со близначките Мери-Кејт и Ешли Олсен
Филаделфија, 8 февруари 2021 (МИА) - Пред 25 години, Роберт - Боб Сегет последен пат глумеше татко на ликот на близначките Мери-Кејт и Ешли Олсен, но како што вели во неговото последно интервју, тие и денес се блиски, исто како тогаш. Во интернет-емисијата на Мајк Розенбаум, прашан - кое од „неговите“ деца во серијата „Полна куќа“ му било најдраго, Боб вели: „Кое било - ги сакам како мои деца. Многу сум близок со Кендис (Камерон-Бјур) - уште откога ја снимивме пилот-епизодата. Џоди (Свитин), пак, спиеше покрај мене и си играше со Обри - мојата најстара (вистинска) ќерка. Ешли и Мери-Кејт, исто така, многу ги сакам. Кога сум во Њујорк или кога тие се тука (Филаделфија), кога можеме, се гледаме.“ Сепак, тој вели дека иако Џоди му била повеќе како дете, Ешли и Мери-Кејт му се повеќе како пријателки. - И Кендис ми е пријателка. Сите тие беа тука за мене во важни мигови, кога минував низ тешки времиња, вели 64-годишниот глумец. Тој натаму говори и за Лори Лофлин, која исто така, глумеше во светски познатата хумористична серија и којашто мина два месеца во федерален затвор по скандалот со поткуп на колеџ. Боб, како и другите блиски нејзини колеги, остана непоколеблив во поддршката за актерката по апсењето во 2019 година. - Ја сакам!, вели тој. - Многумина ме прашаа за тоа. Само ќе кажам - ја сакам... Би сакал други луѓе да видам в затвор. И се чувствувам како дека - што и да кажам, ќе бидам зафркнат, па само ќе речам - ја сакам. Ете, толку од мене.  си/сд/

Остани поврзан