• понеделник, 23 декември 2024

Блискоста меѓу Вилијам, Кејт, Хари и Меган на погребот на кралицата било илузија

Блискоста меѓу Вилијам, Кејт, Хари и Меган на погребот на кралицата било илузија

Лос Анџелес, 4 јули 2023 (МИА) - Смртта на кралицата Елизабета Втора во септември беше тешка за повеќето Британци, како и за семејството. Речиси очигледно беше дека Меган Маркл „се бори“ со прошетката меѓу народот кај замокот „Виндзор“, придружувајќи ја Кејт Мидлтон, принцот Вилијам и нејзиниот сопруг, принцот Хари, при поздравувањето на ожалостените по смртта на монархот.

Познавачот на приликите на кралското семејство, Роберт Џобсон појаснува зошто сѐ тоа било „многу тешко“ како за Маркл, така и за Кетрин - Кејт Мидлтон (меѓу другото, наводно, Кејт ѝ замерила на Меган и зашто вторава ја спречила да се збогува со кралицата)... Но, според познавачот, прошетката меѓу народот ѝ паднала тешко и на војвотката од Велс. Инаку, Џобсон е автор на новата книга „Нашиот крал: Чарлс Трети“ (Our King: Charles III).

„Подоцна дознавме дека идејата на принцот Вилијам била да покажат единство - потег што сигурно би ја допрел неговата длабоко христијански настроена баба. И тие мигови изгледаше како завојуваните парови да се вратиле назад во времето, пред горчината и грубите зборови да го уништат нивниот однос“, пишува Џобсон во својата книга.

Според него, сѐ тоа било илузија - како што сметале и извори блиски до кралското семејство.

„Подоцна Кетрин му признала на еден од повозраснте членови на кралското семејство дека, како што се лоши чувствата меѓу двата пара, заедничката прошетка меѓу народот била една од најтешките работи што таа некогаш морала да ги направи“, додаде изворот.

Обожавателите и љубопитните следачи, се чини, се согласуваат со тие впечатоци.  си/рп/

Фото: ЕПА, Јутјуб

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан