• понеделник, 25 ноември 2024

Блинкен разговараше со Фидан за членството на Шведска во НАТО и договорот за украинското жито

Блинкен разговараше со Фидан за членството на Шведска во НАТО и договорот за украинското жито

Вашингтон, 6 јули 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска телефонски разговараше со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан за поддршката на Шведска да се приклучи на НАТО.

„Блинкен разговараше со Фидан за претстојниот самит на НАТО во Вилнус и ја охрабри Турција да ја поддржи Шведска“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Тој ја истакнал важноста на единството на НАТО во „ваков критичен момент“.

Соговорниците разговарале и за важноста од проширување на Црноморската иницијатива за жито.

САД и Турција имаат долготрајни и длабоки билатерални одбранбени врски, а континуираната интероперабилност на Турција со НАТО останува приоритет. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан