• петок, 27 март 2026

Блинкен и Борел разговараа за безбедносните предизвици

Блинкен и Борел разговараа за безбедносните предизвици
Вашингтон, 9 јануари 2022 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел за актуелните безбедносни прашања. „Секретарот Блинкен ја потврди својата посветеност за зајакнување на соработката меѓу САД и ЕУ и укажа на заедничките предизвици, се вели во соопштението на Стејт департментот. Блинкен ја нагласил важноста од координирана акција со цел „да се заштити суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“ и повтори дека „секоја натамошна руска агресија против Украина ќе резултира со остра реакција“. Двајцата функционери разговарале и за, како што се наведува, „загрижувачкиот политички притисок и економската принуда што НР Кина ги врши врз Литванија“. паг/    

Остани поврзан