• сабота, 04 мај 2024

Блинкен во Киев: Има охрабрувачки напредок во украинската контраофанзива

Блинкен во Киев:  Има охрабрувачки напредок во украинската контраофанзива

Киев, 6 септември 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој денеска е во посета на Киев, изјави дека има многу охрабрувачки напредок во украинската контраофанзива, пренесуваат странските агенции.

„Многу јасно се гледа значителниот напредок што го постигнувате сега во контраофанзивата и тоа е многу, многу охрабрувачко“, рече Блинкен на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украинските сили започнаа контраофанзива за враќање на териториите окупирани од руските сили. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан