• понеделник, 23 декември 2024

Блашчак: Кризата со мигрантите може да трае и со години

Блашчак: Кризата со мигрантите може да трае и со години

Варшава, 17 ноември 2021 (МИА) - Полскиот министер за одбрана денеска предупреди дека кризата на белоруската граница „може да трае со месеци, ако не и години“, нагласувајќи дека мигрантите „повторно ја нападнале полската граница“ во текот на ноќта.

Полските безбедносни сили употребија солзавец и водени топови за да ги спречат мигрантите, кои фрлаа камења врз нив, да ја преминат надворешната граница на Европската унија.

Неколку илјади мигранти, главно од Блискиот Исток, продолжуваат да кампуваат долж границата од белоруската страна.

- Ситуацијата на полско-белоруската граница нема брзо да се реши. Мора да се подготвиме за месеците, ако не и годините што доаѓаат, изјави министерот за одбрана Мариуш Блашчак.

Тој додаде дека и оваа ноќ имало обиди за илегално преминување, а методот бил секогаш ист: помали групи мигранти истовремено се обидувале да ја преминат границата на повеќе места.

Ноќеска  имало 161 обид за илегално преминување на границата, меѓу кои и „два насилни обида“. паг/

Остани поврзан