Благодарница за МИА од Фондацијата „Блаже Конески“ од Небрегово
- Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ ѝ додели признание на Медиумската информативна агенција - МИА за придонесот за зачувување и продолжување на ликот и делото на Блаже Конески, кодифи

Скопје, 28 септември 2021 (МИА) - Фондацијата за македонски јазик „Блаже Конески“ од Небрегово ѝ додели признание на Медиумската информативна агенција - МИА за придонесот за зачувување и продолжување на ликот и делото на Блаже Конески, кодификаторот на современиот македонски литературен јазик, академик, истакнат книжевник, книжевен историчар, филолог и јазичар.
Благодарницата денеска во Скопје на директорот на МИА, Драган Антоновски, му ја врачи секретарот на Фондацијата, Атанас Конески, кој истакна дека МИА како државна агенција со години работи на негување и заштита на македонскиот литературен јазик.
Од Фондацијата подарија и повеќе книги за македонскиот јазик од Блаже Конески за македонската литература и македонскиот книжевен јазик.
Благодарницата е доделена во рамките на одбележувањето на јубилејот 100 години од раѓањето на кодификаторот на современиот македонски јазик Блаже Конески и 20 години од формирањето на Фондацијата што го носи името на овој наш великан. Овој јубилеј е влезен и во списокот на значајни настани за 2021 на УНЕСКО. вг/ац/

