• недела, 22 декември 2024

Бијонсе со девет номинации на Греми наградите

Бијонсе со девет номинации на Греми наградите
Лос Анџелес, 25 ноември 2020 (МИА) - Поп-ѕвездата Бијонсе освои намногу - девет номинации за доделувањето на следните Греми награди. Меѓу нив и за песна на годината, како што објавија организаторите денес. Британската пејачка Дуа Липа, Тејлор Свифт и раперот Роди Рич имаат по шест номинации на 63-то издание на свеченоста. Добитниците ќе бидат објавени на 31 јануари следната година. Американката Свифт и Липа се натпреваруваат за најважната награда - Албум на годината - заедно со Пост Мелоун, Колдплеј, Хаим, Џејкоб Колиер, Блек Пума и „алтернативната ар-ен-би“ пејачка Џене Аико. Бијонсе е присутна во номинациите, главно поради песната „Black Parade“, која ја слави црнечката култура и активизмот, а беше пуштена за време на минатогодишните протести против системскиот расизам и полициската бруталност против Афроамериканците. „Black Parade“ ќе се натпреварува за песна и за спот на годината, заедно со „Don't Start Now“ на Дуа Липа. Албумот на Тејлор Свифт - „Folklore“ е номиниран за албум на годината, а нејзината „Cardigan“ - за песна на годината. Во категоријата Најдобар нов изведувач се најдоа раперите Меган Ди Сталион и Доџа Кет, како и алтернативната уметница Фиби Бриџерс. си/сд/

Остани поврзан