• вторник, 07 април 2026

Битолската ЗОО-градина ќе удоми животни од зоолошките градини во Скопје и Белград

Битолската ЗОО-градина ќе удоми животни од зоолошките градини во Скопје и Белград

Битола, 7 април 2026 (МИА) - ЈУ Зоолошка градина - Битола од денеска има нови жители, мајмуни од видовите патас, лемури и коати, кои ги доби од Зоолошката градина во Скопје, а набргу ќе удоми нови жители и од ЗОО-градината во Белград.

За време на денешната посета на ЈУ ЗОО-градина - Битола, градоначалникот Тони Коњановски од директорот на оваа општинска установа Жарко Тренковски беше информиран за плановите и динамиката на изведба за изградба на терариум и објект за копитарите.

- Денеска ќе пристигнат нови жители на зоолошката градина, мајмуни од видот патас, мајмуни од видот лемури, коати од Зоолошката градина во Скопје, а во текот на овој месец или во мај се очекува да пристигнат како подарок од ЗОО Белград повеќе животни, односно бизон, антилопи, коати, свети ибис, сервал, буву буву - соопштија од секторот за односи со јавност по посетата на градоначалникот Коњановски на ЈУ Зоолошка градина - Битола.

Битолската Зоолошката градина оваа година планира програма за едукација на вработените во Зоолошката градина во Загреб.мт/са/

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан