• недела, 22 декември 2024

Битиќи: Над 650 милиони евра од патиштата на коридорите 8 и 10 Д ќе завршат кај домашни компании

Битиќи: Над 650 милиони евра од патиштата на коридорите 8 и 10 Д ќе завршат кај домашни компании

Скопје, 20 април 2023 (МИА)
Изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д се од стратешки интерес за државата и воедно е најголемата инвестицијата во инфраструктурата во државата, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за ТВ 21.

- 51 отсто од вредноста на проектот од 1,3 милијарди евра, ќе добијат нашите градежни компании, што е износ од 650 милиони евра, рече Битиќи.

Осврнувајќи се на мерките за замрзнување на цените, тој посочи дека тие се почитуваат од сите синџири на маркети, но дека сепак постојат одредени прекршувања на зелените пазари, а надлежните инспекции постојано контролираат и прекршителите се санкционираат.

Битиќи истакна дека Владата на сериозно инвестира во земјоделството, и воведува нови механизми со цел да нема злоупотреби од страна на лажни земјоделци при субвенционирањето, нешто што било пракса со години./

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан