• четврток, 14 ноември 2024

Битиќи: За одлуката што ќе ја преземеме, ќе бидеме одговорни сите

Битиќи: За одлуката што ќе ја преземеме, ќе бидеме одговорни сите
Скопје, 25 август 2022 (МИА) - Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска, по средбата со стопанствениците во Владата во рамки седницата на Комисијата за јавно-приватен дијалог, порача дека не очекува тешка зима и дека која и да е одлуката што ќе ја преземат од денеска па натаму, сите ќе бидат одговорни за истата. - Ако се задолжиме за да помогнеме на стопанството, свесно ќе влеземе и стопанството и Владата во таква работа, и ќе знаеме дека некој ќе треба да го плати тоа задолжување, а дали се тоа поголеми даноци заедно ќе одлучиме, рече Битиќи пред Владата. Прашан дали е можно да се намали ДДВ во оваа криза, тој посочи оти е намалено. Битиќи посочи оти на денешната редовна седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог, со која копретседаваше вицепремиерот за економски прашања се разговарало и за даночните реформи. Според него индивидуални мерки не се решение и тоа, како што рече, го видовме во периодот на ковид и го кажуваме и сега. мс/аа/    

Остани поврзан