• петок, 22 ноември 2024

Бислимоски: Немаме информации до каде е постапката за избор на нов Универзален снабдувач со електрична енергија

Бислимоски: Немаме информации до каде е постапката за избор на нов Универзален снабдувач со електрична енергија

Скопје, 29 февруари 2024 (МИА) – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) се уште нема информација до каде е постапката за избор на нов Универзален снабдувач со електрична енергија. 

-Се уште немаме информации. Постапката мора да заврши до 17 април, така што има доволно време за да се заврши целата процедура. Верувам дека во наредните две недели ќе се заврши целокупната постапка, вклучувајќи ја и електронската аукција, рече претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

На актуелниот Универзален снабдувач ЕВН Хоум на крајот на јуни годинава му истекува петгодишниот договор за снабдување со електрична енергија на корисниците на регулираниот пазар. Поради тоа Владата објави нов повик за избор на Универзален снабдувач со електрична енергија што ќе ги снабдува корисниците на регулираниот пазар во наредните пет години, на кој покрај ЕВН Хоум аплицираа и ЕСМ и ЕДС. вј/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан