• недела, 22 декември 2024

Бионтех: Можна е вакцина против рак до 2030 година

Бионтех: Можна е вакцина против рак до 2030 година
Мајнц, 17 октомври 2022 (МИА) - Вакцините против рак би можеле да се развијат до 2030 година, според кажувањата на соосновачите на германската фармацевтска компанија „Бионтех“ - Угур Шахин и Озлем Тиречи. Сопружниците Шахин и Тиречи велат дека направиле пробив што им влева надеж и за вакцина за рак наредниве години. Според проф. Тиречи, методологијата со РНК може да се пренасочи во зајакнување на имунолошкиот систем и напаѓање на клетките на ракот, следејќи го истиот принцип како кај коронавирусот. „Бионтех“ веќе работеше на РНК-вакцини против ракот и пред корона-пандемијата, но потоа компанијата го префрли својот фокус на создавање ковид-вакцини. Германската компанија се надева дека ќе може да развие третмани за рак на дебелото црево, кожата и некои други видови рак, но постојат големи пречки во тоа. Имено, клетките на ракот коишто создаваат тумор може да се полнат со широк спектар од различни протеини, што го отежнува создавањето вакцина којашто ќе ги таргетира сите канцерогени клетки.  си/

Остани поврзан