• петок, 22 ноември 2024

Биелса го критикуваше квалитетот на терените на Купот на Америка во САД

Биелса го критикуваше квалитетот на терените на Купот на Америка во САД

Мајами, 13 јули 2024 (МИА) - Селекторот на Уругвај, Марсело Биелса искажа забелешки за состојбата на терените на Копа Америка. Турнирот се одржува во САД. 

Селекторот ги обвини организаторите на Купот на Америка во 2024 година дека лажат.

- Тие рекоа дека терените се во совршена состојба, тоа е лага. Одржавме прес-конференција за да зборуваме за капацитетите за терените за тренинзи. Боливија не можеше да тренира, а јас имам фотографии кои го докажуваат тоа. Ова се куп лажговци. И кога критикуваме, се упатуваат закани кон нас. Американците не ви кажуваатѕ „Ќе ви дадеме идеални терени. Тие велат Ќе ги дадеме тревниците подготвени пред три дена, ја цитира ESPN изјавата на Биелса. 

Претходно фудбалерот на Бразил и Реал Мадрид, Винисиус Жуниор упати критики до организаторот за лошите терени на натпреварите од Копа Америка.

Репрезентацијата на Уругвај ќе игра против Канада во натпреварот за третото место на Копа Америка 2024 година. Средбата ќе се одржи во 2 часот по полноќ.

САД, Мексико и Канада ќе бидат домаќини на Светското првенство во 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан