• сабота, 23 ноември 2024

Бибер: Има една добра и две лоши вести со оставката на Заев

Бибер: Има една добра и две лоши вести со оставката на Заев
Скопје, 1 ноември 2021 (МИА) - Политичкиот аналитичар Флоријан Бибер, по синоќешната оставка на премиерот Зоран Заев на двете позиции, оценува дека во тоа има една добра и две лоши вести. - Добрата вест е да се даде оставка без да се има потреба за тоа, претставува редок чекор на политичка храброст и покажува дека преземањето политичка одговорност е можно. Лошата вест е дека опозицијата е нереконструирана, националистичка и про-Орбан, смета Бибер. Бибер исто така оценува дека оставката на Заев се должи на сопствените грешки на СДСМ. Причините за ваквата ситуација со оставката на Заев од челната позиција на СДСМ и од премиерската функција, се во застојот во реформскиот процес и лошо водената кампања, но и поради неуспехот на Европската Унија да испорача почеток на преговори поради бугарската блокада, напиша Бибер на Твитер. Според него, исто така, нема јасен наследник на премиерската позиција и не се знае дали тој ќе може да креира моментум за ре-старт на сериозен реформски процес. нд/са/  

Остани поврзан