Беќири: Следниот ривал е сериозен тим кој има добра историја
- Македонскиот првак тетовска Шкендија утре ја очекува нов предизвик во Лигата на шампионите
Скопје, 21.јули 2025 (МИА) - Македонскиот првак тетовска Шкендија утре ја очекува нов предизвик во Лигата на шампионите. Тетовчани во второто квалификациско коло за противник ја имаат екипата на ФЦСБ (поранешна Стеауа).
- Сега ни следи дуел со ФЦСБ, екипа која е фаворит. Секако дека направивме анализа, станува збор за сериозен тим кој има добра историја. Се работи за поранешен освојувач на Лигата на шампионите. Околу реномето на ривалот, тоа е гигант во европски рамки со голема традиција. Меѓутоа и ние треба да ја чуваме нашата традиција. Ова е голем натпревар за нас, како и секој следен што ќе биде дуел за престиж. Ние се ќе дадеме се од себе, изјави тренерот на Шкендија Јетон Беќири на прес конференцијата во пресрет на дуелот.
Првиот натпревар Шкендија - ФЦСБ се игра во вторник на Националната Арена „Тодор Проески“, а почетокот е во 20 часот. мн/
Фото: Фејсбук ФК Шкендија