• вторник, 11 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Беќири: Мора да го прикажеме најдоброто од нас

Беќири: Мора да го прикажеме најдоброто од нас

Скопје, 4.август 2025 (МИА) - Фудбалерите на Шкендија ги очекува нов предизвик, а тие се надеваат на продолжување на успешните настапи во квалификациите од Лигата на шампионите. По елиминирањето на ТНС (Велс) и ФЦБС (Романија), за македонскиот првак во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите следува дуелот со Карабах, првакот на Азербејџан. 

- Мора да го прикажеме најдоброто од нас, без разлика на противникот. Карабах е квалитетна екипа, која има единасесет титули шампион на Азербејџан во дванаесет години. Знам само дека нема да реши првиот натпревар, туку по реваншот во Баку ќе се знае подобриот. Карабах е дисциплинирана екипа. Секоја победа е важна за македонскиот фудбал. Јас се радувам на победите на сите екипи, затоа што не смееме по ниту една цена да паднеме под 50-тото место на УЕФА ранкингот. Од срце навивам, за мене не е важно која екипа има резултати. Важно е нашиот фудбал да се подигне на високо ниво. Тоа ни носи бенефит на сите, не само на Шкендија, туку на сите клубови, изјави Јетон Беќири тренерот на Шкендија.

Натпреварот Шкендија - Карабах се игра утре (вторник) на Националната Арена „Тодор Проески“  со почеток во 20 часот.   мн/

Фото: Фејсбук ФК Шкендија

Остани поврзан