• четврток, 04 декември 2025

Бетис се откажа од трансферот на Антони

Бетис се откажа од трансферот на Антони

 

Севиља, 30 август 2025 (МИА) – Бетис се откажа од намерата да го ангажира напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ентони, јавија денеска шпанските медиуми.

„Нема договор за Антони и ја повлековме понудата. Не можеме да си ги дозволиме трошоците и износите што Манчестер Јунајтед мора да ги плати за играчот“, се вели во соопштението на клубот.

Дваесетипетгодишниот Бразилец настапуваше како позајмен играч за шпанскиот тим минатата сезона и одигра 26 натпревари на кои постигна девет голови и додаде пет асистенции.

„Животот секогаш ни носи големи изненадувања!“, напиша Антони на социјалните мрежи по веста за неуспешните преговори.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан