• четврток, 04 јули 2024

Бесплатни ваучери за стерилизација на женски кучиња и мачки во Кавадарци

Бесплатни ваучери за стерилизација на женски кучиња и мачки во Кавадарци
Кавадарци, 15 јуни 2022 (МИА) - Во Кавадарци ќе се доделуваат бесплатни ваучери за стерилизација на женски кучиња и мачиња, информираа денеска од Здружението за заштита на животните „Шепи 2021“. - Активностите се врз основа на проектот „Намалување на кучиња бездомници", што е финансиран од општината Кавадарци. Целта на стерилизацијата е да се намали бројот на исфрлени цели легла кученца и маченца, скучни кучки и смачни мачки, коишто се на тој начин осудени да бидат бездомни животни, соопштија од здружението, појаснувајќи и како да се аплицира од страна на заинтересираните сопственици на животни. Од здружението информираа дека во тек е и пописот на миленици. - Сакаме да напоменеме дека сме свесни за моменталната ситуација со бездомните животни и хаосот кој владее во градот па и во селата. Се надеваме дека тој хаос ќе се намали со воведување на оваа мерка за помош на граѓаните, посочија од „Шепи 2021". свд/фф/

Остани поврзан