• петок, 03 јануари 2025

Бесплатен паркинг во центар за новогодишните и божиќните празници

Бесплатен паркинг во центар за новогодишните и божиќните празници

Скопје, 31 декември 2024 (МИА) - Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани.  

Согласно Одлуката на претпријатието на 1 јануари (среда) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 2 јануари (четврток) со вообичаено работно време.

-За време на божиќните празници на 6 јануари (понеделник), 7 јануари (вторник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 8 јануари 2025 година (среда) со вообичаено работно време, информираат од ЈП ПОЦ.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците, како и паркиралиштето Дилајла кое е со автоматска наплата. сст/са/

Фото: ЈП ПОЦ

 

 

Остани поврзан