• петок, 22 ноември 2024

Бесими: Со Рамковниот договор беше обезбедена демократска и евроатлантска иднина на нашата држава

Бесими: Со Рамковниот договор беше обезбедена демократска и евроатлантска иднина на нашата држава
Скопје, 13 август 2022 (МИА) - Денеска одбележуваме 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој беше обезбедена мирна, демократска и евроатлантска иднина на нашата држава, со еднакво учество на сите етнички заедници, напиша на Фејсбук министерот за финансии Фатмир Бесими.
Република Северна Македонија, како што напиша Бесими, прерасна во единствена функционална мултиетничка демократија во регионот, земја за пример и рамноправен дел од меѓународната заедница.
-Духот на Охридскиот рамковен договор е во согласност со современите европски вредности и претставува основа за остварување на правата на сите граѓани. Продолжуваме и понатаму заедно да работиме на неговото зачувување и имплементирање, напиша на ФБ Бесими. дма/сст/

Остани поврзан