• недела, 22 декември 2024

Беровските првачиња со парична поддршка од Општина Берово

Беровските првачиња со парична поддршка од Општина Берово
Берово, 22 август 2022 (МИА) - Беровските првачиња добија парична поддршка од Буџетот на Општина Берово. На 68 првачиња, кои годинава ќе го започнат своето школување во беровските училишта, како што информираа од Општината, денеска им се исплатени по 5.000,00 денари, како поддршка од локалната самоуправа за купување на школски прибор, и други потребни работи за почетокот на учебната година. -Општина Берово ја реализира ова мерка, како дел од Програмата за  социјална заштита за 2022 година, при што секое прваче и за секој ученик во прва година средно образование, годинава ќе добијат по 5.000 денари. На почетокот на учебната година, секогаш трошоците на родителите се големи и од тие причини одлучивме континуирано средствата да ги зголемуваме, истакнаа од Општина Берово. Градоначалникот на Општината Звонко Пекевски изрази надеж дека овие средства ќе бидат добредојдени во престојниот период и ќе бидат искористени првачињата да добијат се што им е потребно и да бидат среќни. -Општина Берово секогаш ќе се залага за подобрување на условите за учење за учениците и ќе направиме се што е во наша надлежност за подобри услови за настава, рече Пекевски. За реализација на оваа активност, преку програмата за социјална заштита, од Буџетот на општина Берово за 2022 година, исплатени се вкупно 340.000,00 денари. вс/ев/

Остани поврзан