• сабота, 23 ноември 2024

Берат - албанскиот „град на илјада прозорци“

Берат - албанскиот „град на илјада прозорци“
Берат, 2 септември 2021 (МИА) - Берат, попознат како албанскиот „град со илјада прозорци“, се наоѓа на југот на земјата и важи за еден од најубавите градови во Албанија. Благодарение на уникатната отоманска архитектура, се наоѓа и на листата на светско наследство на УНЕСКО, а исто така ја носи и титулата град-музеј. Берат е деветти по големина град во Албанија, опкружен со планини и ридови. Највпечатлива одлика се белите куќи што „се искачуваат“ како скали по едното брдо. И покрај тоа што сега е туристички центар во Албанија, Берат успеа да го задржи својот шарм и пријателската атмосфера. Градот е прогласен за светско наследство на УНЕСКО во 2008 година. Како и многу градови во Албанија, се работи за стар утврден град исполнет со цркви и џамии со насликани бројни мурали и фрески. Во исто време, градот е и културен центар на Албанија. Друга атракција на градот е мостот Горица - еден од најстарите мостови од османлискиот период во Албанија. Првпат е изграден од дрво кон крајот на 18 век, а пред 100 години бил обновена и дограден со камен. Легендата вели дека во него имало и мала зандана во којашто една девојка била заробена и гладувала, за да го скроти гневот на реката и да ги нахрани духовите што го уривале мостот. Меѓу историските атракции во Берат, интересна е и црквата од византискиот период, „Свети Спиридон“, како и бројни џамии, од кои некои, како градби, датираат од 13 и 14 век.  си/

Остани поврзан