• петок, 22 ноември 2024

Бен Афлек ќе режира филм на „Марвел“

Бен Афлек ќе режира филм на „Марвел“

Лос Анџелес, 14 јули 2022 (МИА) - Холивудскиот глумец Бен Афлек, откако го толкуваше ликот на Бетмен во филмовите на „Ди-си комикс“, за што доби многу пофалби од обожавателите ширум светот, сега добил понуда да режира филм на конкурентската стрип-компанија „Марвел“.

Бен Афлек (49), инаку, и досега веќе повеќепати бил продуцент, сценарист и режисер. Можеби еден од неговите најуспешни филмови е „Добриот Вил Хантинг“, за којшто тој и неговиот колега и близок соработник Мет Дејмон во 1998. добија „Оскар“ за најдобро сценарио. Но, тука е и филмот „Арго“, исто така режиран од Афлек, којшто доби „Оскар“ за најдобар филм во 2012 година. Според ИМДБ, следат уште филмови со Афлек како режисер, а во еден од нив, тој и ќе глуми со Мет Дејмон, Крис Такер и Марлон Вејанс. Освен тоа, најавени се и „Чуварот на изгубените градови“ (Keeper of the Lost Cities) и „Сведок на Обвинителството“ (Witness for the Prosecution).  си/

Остани поврзан