• среда, 05 март 2025

Бен Афлек сликан со поранешната сопруга Џенифер Гарнер

Бен Афлек сликан со поранешната сопруга Џенифер Гарнер

Лос Анџелес, 5 март 2025 (МИА) - Бен Афлек повторно е сликан во друштво на поранешната сопруга Џенифер Гарнер. Имено, папараците ги фотографирале насмеани, блиски и во прегратка, сред „Пејнтбол“ игра со нивниот син Семјуел во Кастаик, Калифорнија, САД, но и по таа семејна активност, објави „Ти-ем-зи“ (TMZ).

И претходно американските медиуми тврдеа дека двојката минува сѐ повеќе време заедно, откако Афлек се разведе од Џенифер Лопез. Во меѓувреме, „оскаровецот“ мораше и да се засолни во куќата на Гарнер во јануари, оти неговиот дом беше во опасноста од пожарите околу Лос Анџелес.

Афлек и Гарнер останаа во пријателски односи по нивната разделба во 2015 година, а се разведоа во 2018 година. Иако Гарнер е во врска со Џон Милер речиси седум години, неодамна се појавија тврдења дека и тој „е прилично незадоволен“ од нејзините сè поблиски односи со поранешниот сопруг.  си/

Фото: Икс, фотоисечок

Остани поврзан