• сабота, 04 мај 2024

Бензема постигна хет-трик за шест и пол минути против Ваљадолид

Бензема постигна хет-трик за шест и пол минути против Ваљадолид

Мадрид, 2 април 2023 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема постигна хет-трик во првото полувреме на денешниот натпревар со Ваљадолид во 27. коло од шпанската Ла Лига.

 

Триесет и петгодишниот Французин погоди во 29., 32. и 36. минута, во рок од шест и пол минути. До крајот на средбата „Кралевите“ постигнаа уште три гола преку Родриго, Марко Асенсио и ЛукасВаскез за конечни 6:0.

 

Оваа сезона Бензема има 17 натпревари во Примера, на кои постигна 14 гола и направи три асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан