• понеделник, 02 септември 2024

Бензема е амбициозен за титула со Ал-Итихад: Доаѓа нова ера

Бензема е амбициозен за титула со Ал-Итихад: Доаѓа нова ера

Џеда, 2 септември 2024 (МИА) - Големата ѕвезда на Ал-Итихад - Карим Бензема, зборуваше за претстојната сезона на неговиот тим.

Французинот не сакаше да се навраќа на минатата кампања, во која тимот заврши на петтото место во лигата и не освои ниту еден трофеј.

-Имам тензија од 8 години, таа растеше и се претвори во амбиција. Оваа сезона за мене нема тензија, туку амбиција. Не сакам да зборувам за минатата година, имаше многу проблеми, најважното е да се гледа напред“, рече Бензема пред „Канал+“.

Поранешниот француски репрезентативец тврди дека пристигнува „нова ера“ за тимот.

-Направив се што е во моја моќ за да го засилам овој тим. Ние сме во најдобра можна форма. Ми се допаѓа филозофијата на тренерот Марсело Гаљардо. Тој е многу близок со играчите, сподели францускиот напаѓач и поранешен фудбалер на Реал Мадрид. дс

Фото: Архива

Остани поврзан