• петок, 22 ноември 2024

Бензема добива закани во Саудиска Арабија поради зборовите на францускиот министер за внатрешни работи

Бензема добива закани во Саудиска Арабија поради зборовите на францускиот министер за внатрешни работи

Џеда, 18 јануари 2024 (МИА) - Адвокатот на напаѓачот на Ал-Итихад, Карим Бензема, Хјуг Виже, објави дека играчот добивал закани во Саудиска Арабија откако францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека напаѓачот имал врски со терористичка организација.

- Коментарите на министерот имаат сериозни последици. Играчот добива закани во Саудиска Арабија, каде што работи, вели Виже во интервјуто за „RMC Sport“.

На 15 октомври Бензема ја поддржа Палестина во конфликтот со Израел. Тој на социјалните мрежи напиша: „Се молиме за луѓето во Газа“.

На 19 октомври, француското Министерство за внатрешни работи наведе четири знаци за поврзаност на Бензема со терористичка организација: одбивање да се пее националната химна со француската репрезентација, прозелитизам на социјалните мрежи околу муслиманското обожавање, фотографија со имамот Мо и поддршка на ставови на Хабиб Нурмагомедов. 

Исто така, францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави во живо дека Бензема има врски со Муслиманското братство (движењето е забрането во Руската Федерација како терористичко).

Триесет и шестгодишниот Бензема игра за Ал-Итихад од јули 2023 година. Оваа сезона одигра 20 натпревари за саудискиот клуб, постигна 12 гола и беше творец на пет асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан