• недела, 22 декември 2024

Бела куќа: Нема евиденција за посетителите на домот на Бајден каде се пронајдени документите

Бела куќа: Нема евиденција за посетителите на домот на Бајден каде се пронајдени документите

Вашингтон, 16 јануари 2023 (МИА) – Канцеларијата на Белата куќа денеска соопшти дека нема евиденција за посетители на домот на американскиот претседател Џо Бајден во Вилмингтон, Делавер, каде се пронајдени доверливи документи од неговите потпретседателски денови, бидејќи станува збор за приватна резиденција.

Републиканскиот претседател на Комисијата за надзор на Претставничкиот дом вчера побарал евиденција за посетителите на домот на Бајден во Вилмингтон, откако биле пронајдени доверливи документи во неговата канцеларија и гаража.

Американското Министерство за правда на 13 јануари објави дека ќе именува специјален обвинител, кој ќе ја надгледува истрагата за т.н. Документите на Бајден.

Доверливи документи беа пронајдени минатата недела и во поранешната потпретседателска резиденција на Бајден и во канцеларијата што тој ја користеше во Вашингтон. ми/

Остани поврзан