• петок, 17 мај 2024

Бектеши од утре на Самит на Обединетите нации за климатски промени – COP28, во Обединетите Арапски Емирати

Бектеши од утре на Самит на Обединетите нации за климатски промени – COP28, во Обединетите Арапски Емирати

Скопје, 1 декември 2023 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши од утре до понеделник ќе учествува на Самитот на Обединетите нации за климатски промени – COP28, што се одржува во Обединетите Арапски Емирати.

Во рамки на Самитот, соопштија денеска од Министерството за економија, Бектеши ќе ја презентира Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција на Северна Македонија, ќе се обрати на панел дискусијата за унапредување на транзицијата на јаглен во организација на Климатскиот инвестициски фонд, а ќе учествува и на состанокот на Енергетската заедница.

Во рамки на посетата предвидено е да оствари и повеќе билатерални средби. цр/бак/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан