• среда, 20 ноември 2024

Бектеши на неформален министерски состанок на Енергетската заедница во Баден

Бектеши на неформален министерски состанок на Енергетската заедница во Баден
Скопје, 8 јули 2022 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува на неформален Министерски состанок на Енергетската заедница којшто ќе се одржи во Баден, Виена. -Главни теми на кои ќе се дискутира на Министерскиот состанок на Енергетска заедница ќе бидат снабдувањето и складирањето со гас во земјите членки на Енергетската заедница, интеграција на пазарите на електрична енергија, остварувањето на таргетите до 2030 и влијанието на војната во Украина врз енергетскиот сектор, најави Министерството за економија.лв/

Остани поврзан