• среда, 18 декември 2024

Бектеши: ЕСМ е подготвено веднаш да го санира мостот „Беласица“ во делот на топловодот

Бектеши: ЕСМ е подготвено веднаш да го санира мостот „Беласица“ во делот на топловодот

Скопје, 6 септември 2023 (МИА) – Граѓаните на Скопје ќе имаат топлинска енергија од 15 октомври до крајот на грејната сезона, а ЕСМ е подготвено да интервенира на мостот „Беласица“ во делот на топловодот веднаш откако ќе ги добие соодветните дозволи од Град Скопје, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-ЕСМ е подготвена уште од утре да ја среди ситуацијата само чекаат одредени дозволи од страна на Град Скопје. Во моментот кога ќе ги имаат тие дозволи веќе утредента ќе почнат со работа во делот на  средување на мостот за снабдување со топлинска енергија, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање по посетата на  подружницата на ЕВН Македонија во Бутел заедно со директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами.

Нагласи дека ЕСМ е подготвена уште од утре да го санира местото на мостот каде треба да поминува топловодот, но за тоа е неопходно првично да се завршат процедурите во Град Скопје кои, како што рече, се неопходни согласно сознанијата кои ги имаме како Министерство за економија. 

-Но најважно од се е дека граѓаните на Град Скопје ќе имаат топлинска енергија за време на зимата од 15 октомври, па до крајот на грејната сезона, потенцира Бектеши.вј/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан