• вторник, 23 јули 2024

Бекам дебитира со пораз во МЛС

Бекам дебитира со пораз во МЛС
Мајами, 2 март 2020 (МИА) - Фудбалскиот клуб Интер Мајами дебитира со пораз во американската МЛС лига. Фудбалскиот клуб на Дејвид Бекам вчеравечер загуби со 1:0 од ФК Лос Анџелес. Еден од основачите и сопственици на Интер, Бекам, кој го гледаше натпреварот со сопругата од ложата, привлече поголемо внимание од светските медиуми. Сепак, вечерта на легендата на Манчестер јунајтед беше расипана од Карлос Вела од Мексико, кој со фантастичен гол успеа да им донесе победа на гостите од Л.А.

Остани поврзан