• петок, 22 ноември 2024

Бекам го носи Пасторе во Мајами

Бекам го носи Пасторе во Мајами
Рим, 8 мај 2020 (МИА) - Интер Мајами на Дејвид Бекам се обидува да го привлече играчот од средниот ред на Рома, Хавиер Пасторе. Договорот на 30-годишниот Аргентинец истекува во 2023 година, но клубот е подготвен да го раскине во текот на летото поради многуте повреди. Пасторе потпиша во летото 2018 година, а за него беа платени 24,7 милиони евра на ПСЖ, но поради здравствени причини тој пропушти 29 натпревари. Клубот од МЛС веќе започна разговори со претставници на Аргентинецот, кој е подготвен да игра во Соединетите држави.

Тагови

Остани поврзан