• петок, 22 ноември 2024

Бекам го кани Роналдо во Интер Мајами

Бекам го кани Роналдо во Интер Мајами
Лондон, 16 ноември 2022 (МИА) - Поранешниот англиски репрезентативец и сопственик на МЛС франшизата на Интер од Мајами, Дејвид Бекам, е заинтересиран по завршување на Светското првенство 2022 да го ангажира фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, објавија денеска британските медиуми. Според истите извори, Бекам веќе го контактирал менаџерот на португалскиот фудбалер Жорж Мендеш, кој, наводно, најавил можност Роналдо по Мундијалот во Катар да се пресели во САД. Роналдо има договор со Јунајтед доо крајот на актуелната сезона, а во моментов е со репрезентацијата на Португалија на подготовки за СП во Катар. Португалецот е на излезна врата од Манчестер јунајтед по неодамнешното контроверзно интервју за британските медиуми во кое изнесе бројни навреди на адреса на својот сегашен клуб и тренерот Ерик тен Хаг. ег/ми/

Остани поврзан