• петок, 05 декември 2025

Без победник на првите дуели од 11.коло од ПФЛ

Без победник на првите дуели од 11.коло од ПФЛ

Скопје, 29.октомври 2025 (МИА) – Првите два натпревара од 11.коло од Првата фудбалска лига завршија без победник. И на двата дуела водеа гостите: Работнички имаше и водство од 2:0 против Арсими, додека Башкими водеше со 1:0 против Македонија ЃП. Сепак домашните екипи стигнаа до нерешен резултат и еден бод. 

Утре се играат натпреварите: Шкупи – Струга и Пелистер – Тиквеш, додека во петок на програмата се дербито меѓу Вардар и Силекс, како и дуелот Брера – Шкендија. 

Почетокот на натпреварите е во 13:30 часот.

Табела: Вардар 24 бодови, Струга 23, Силекс 21, Шкендија 21, Башкими 19, Брера 15, Македонија ЃП 14, Арсими 12, Тиквеш 8, Пелистер 7, Работнички 7, Шкупи 1.    мн

Фото: ФФМ

Остани поврзан