• понеделник, 08 јули 2024

Без македонски претставник на Евровизија 2024 во Малме

Без македонски претставник на Евровизија 2024 во Малме

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) – На Изборот за песна на Евровизија 2024 година во Малме, Шведска нема да учествува македонска делегација, што е втора година без наш претставник на ова музичко натпреварување.

На најголемиот светски музички настан во живо, што ќе се одржи во Малме, во мај следната година, учеството го потврдија јавните радиодифузери од 37 земји.

- Со длабока тага потврдуваме дека Северна Македонија ќе отсуствува од Изборот за песна на Евровизија втора година по ред. Со среќа на сите 37 земји кои се натпреваруваат и со нетрпение го очекуваме големото шоу во Малме, објави македонскиот Фан сајт за изборот на песна на Евровизија на платформата Х.

Од земјите од регионот, учество потврдиле Албанија, Хрватска, Грција, Србија и Словенија.

Македонска делегација на Изборот за песна за Евровизија 2023 година во Ливерпул, немаше поради, како што информира тогаш Македонската Радио Телевизија, зголемената котизација за учество и зголемените трошоци од енергетската криза.

Последниот настап на Евровизија на земјава беше во 2022 година. аа/са/

Фото: Фан сајт за изборот на песна на Евровизија

Остани поврзан