• среда, 24 јули 2024

Без вода корисниците од неколку улици во Маџари

Без вода корисниците од неколку улици во Маџари
Скопје, 31 мај 2022 (МИА) - Од 16.40 часот попладнево без вода ќе бидат корисниците од улиците „Париска комуна“, „Разлошка“, „Беровска“, „Пехчевска“, „Ордан Пиперка“, „Донче Штипјанче“ „Жан Жорес“ и „Никола Киромајски“ во Маџари. ЈП „Водовод и канализација“-Скопје соопшти дека прекинот во водоснабдувањето е поради поврзување водоводна мрежа од ф 100 мм на ул. „Париска комуна“ во населба Маџари  и ќе трае до завршување на зафатот. хс/цр

Остани поврзан