• сабота, 27 јули 2024

Бебе Реџа има здравствени проблеми

Бебе Реџа има здравствени проблеми
Тирана, 9 август 2020(МИА) - Светски познатата пејачка Бебе Реџа, поради тешка инфекција на синусите, ќе биде оперирана, пренесуваат албанските медиуми. Веста ја објави Реџа, наведувајќи дека повеќе денови не е во добра здравствена состјоба, дека едвај може да дише и има силни главоболки. - Појдов на доктор за инфекцијата на синусите, која не поминува и ми рече дека треба да се оперирам. Поминувам тешки моменти далеку од родителите. Многу сакам да сум до мајка ми, напиша пејачката. Родителите на Бебе Реџа, чие вистинско име е Блета Реџа, се од Македонија, татко и е од Дебар, а мајка и од Гостивар, кои во САД емигрирале во 80-те години од минатиот век. Родена е на 30 август 1989 година во Бруклин и долго е во светската музичка индустрија. Таа е и текстописец на многу светски хитови, меѓу кои и "The Monster" на Еминем и Ријана. вт/

Остани поврзан